‘Ресторанот на крајот на вселената е еден од најневообичаените походи во целата историја на угостителството. Изграден е врз рушевините на една… Ќе биде изграден врз рушевините на една… То ест ќе биде изграден до сегашниот момент, а всушност бил…
Еден од најголемите проблеми во врска со патувањето низ времето не е тој што случајно може да станете своја мајка или татко. Нема таков проблем настанат како резултат на околности под кои вие сте станале сопствена мајка или татко со кој толерантно и прилагодливо семејство не може да излезе накрај. Не постои нитѕ проблемот на менување на текот на историјата – текот на историјата не може да се смени затоа што се во него се вклопува како во совршен мозаик. Сите битни промени се случиле пре нештата кои би требало самите да ги изменат и на крај се фино се вклопува.
Најголемиот проблем е всушност граматички, а главното стручно дело од таа област, кое треба да се консултира е делото на д-р Ден Стритменшер, со наслов: Прирачник за времепловци за 1001 временски облик на глаголот. Ова дело ќе ви објасни како да опишете нешто што требало да ви се случи во минатото пред моментот кога вие тоа сте го избегнале со временски скок за два денови во иднината за да спречите да ви се случи тоа. Случајот ќе биде опишан на различни начини во зависност од тоа дали зборувате од вашето природно време, од времето во подалечната иднина, или од минатото откако се случил тој настан, а сето ова понатаму се комплицира со можноста да го водите разговорот во момент кога патувате од едно време во друго со намерата да станете сопстевена мајка или татко.
Поголемиот дел од читателите стигнува до глаголскиот облик наречен модифициран субинвертиран плагално конјуктивен иден интенционал пред моментот на откажување и всушност во понатамошниот изданија на оваа книга, сите страници по овој глаголски облик се оставени празни за да се заштеди на печатарски трошоци.
Автостоперскиот водич низ галаксијата глатко ја заобиколува оваа заврзлама на академски апстракции и застанува само да забележи дека поимот иден перфект е напуштен откако е забележано дека го нема.
Да заклучиме.
Ресторанот на крајот на вселената е еден од најневообичаените походи во целата историја на угостителството. Изграден е врз рушевините на една планета која на крајот е уништена и која е (ќесте бидувала бидеќе) затворена во џиновски временски меур и пратена во иднината се до оној момент во кој вселената стигнува до својот крај.
Ова, според многумина, е невозможно.
Во ресторанот, гостите заземаат (ќесте до зазема) свои места на масите и јадат (ќесте до јаде) додека целото постоење експлодира околу нив.
А ова е, според многумина, истотака невозможно.
Можете да дојдете (можетесте дојдовтесту до-кога) во било кој термин, без претходна најава (после до предпосле најава) затоа што местата можете да ги резервирате ретроактивно кога ќе се вратите во своето време (можете да до резервирува јестента до предпосле послечимно враќаодејќи ретродома)
Ова е, според многумина кои сега би се побуниле, крајно невозможно.
Во ресторанот можете да се сретнете со воодушевувачка група претставници на целокупната цивилизација на времето и просторот и да ручате заедно со нив (можетесу сретнестесу за ручесу до-после).
Ова е, како што може трпеливо да се објасни, истотака невозможно.
Инаку, местово може да го посетите колку пати сакате (можесу до-посет ре-одпосетувувачкијќи – и така натаму – за останатите глаголски корекции консултирајте ја книгата на д-р Стритменшер). При тоа можете да бидете сосема сигурно дека никогаш нема да се сретнете самите себе, заради непријатноста која тоа, вообичаено ја причинува.
А ова, дури и останатото да е вистина, што не е, е бесприговорно невозможно, велат сомничавите.
Се што треба да направите е да вложите една бара на банковна сметка во сопствената ера, а кога ќе стигнете до крајот на времето, каматите ќе ви овозможат да ја платите без проблем огромната цена на вашата вечера.
Ова е, според многумина, не само потполно невозможно, туку и целосно блесаво, и затоа експертите за маркетинг од бастаблонскиот ѕвезден систем го измислија следниот слоган: Ако од утринава сте направиле шест невозможни работи, зошто да не ги крунисате со појадок во Миливејс, Ресторанот на крајот на вселената?
Менито на Миливејс го цитира Автостоперскиот водич низ галаксијата, со одобрување од издавачите:
Историјата на секоја поголема галактичка цивилизација, тежи кон тоа помине низ три посебни и препознатвливи фази, а тие се: преживување, истражување и издугнување на духот, поинаку познати како фазите како, зошто и каде На пример, за првата фраза карактеристично е прашањето: Како ќе јадеме?, за втората фаза: Зошто јадеме?, а за третата фаза Каде ќе одиме на ручек?
Менито ја следи оваа мисла и наговестува дека Милвејс, Ресторанот на крајот на вселената би можел да биде добар и мудар одговор на тоа прашање.‘
"A hitchiker's guide to the galaxy" - Douglas Adams, (Completely unexpected productions , 1979)